Во реприза на минатогодишното финале од Лигата на шампионите, сега во осминафиналната рунда ќе играат Ливерпул и Реал Мадрид.

Тренерот на англискиот тим Јирген Клоп во пресрет на вечерашната мега пресметка смета дека неговиот тим мора да одигра два беспрекорни натпревари за да помине во следна следната фаза во Лигата на Шампиони.

„Со неодамнешната историја помеѓу овие два клуба, тешка задача ќе биде да се победи, но ќе биде одличен фудбалски меч. Многу сум среќен што се вративме во форма, пред 4 недели беше различно, но во животот најбитен е тајмингот. Мораме да играме беспрекорен меч, односно мораме да ги победиме двата натпревари за да поминеме понатаму во следната фаза. Немам проблем со тоа бидејќи ако играме лошо немаме шанси, додека пак Реал Мадрид може да не играат најдобро пак имаат шанса! Тука е разликата и со нетрпение го чекам натпреварот“, изјави германскиот тренер Јирген Клоп.

Ќе успее ли Ливерпул да му се реваншира на Реал останува да видиме по реваншот, но прво ќе мора да го сочекаме исходот од вечерашната средба што започнува од 21 часот.