Натпреварот меѓу Унгарија и Шкотска во Штутгарт, покрај одличниот фудбал и драматичниот финиш, го одбележа и морничавата сцена во 70-тата минута. Унгарскиот напаѓач Барнабас Варга имаше страшен судар со голманот на Шкотска, по што остана без свест да лежи на тревата.
Таму веднаш се појавиле медицински екипи, биле поставени билборди, за да не се гледа тоа што се случува, а имало и носилки. Варга беше однесен од стадионот и сите се молиме и се надеваме дека се ќе биде во ред со него.
Се огласи и Унгарската фудбалска федерација.
„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментално се наоѓа во болница во Штутгарт. Доколку има некаква вест за неговиот статус, веднаш ќе ве известиме“.
Сето ова не врати три години наназад и не потсети на ситуацијата со Кристијан Ериксен на последното Европско првенство кога доживеа срцев удар.