Во мак-баскетот освен завршниот турнир во Купот на Македонија во кој МЗТ Скопје Аеродром освои двојна титула (жени и мажи) викендов се играа и натпреварите во Втората лига.

На програмата беа дуелите од 15-тото коло, кое ќе биде заокружено утре (понеделник) со средбата меѓу МЗТ Скопје У.Б. и Баскет Кам.

Во единствениот денешен натпревар, одигран во Штип, екипата на Соколи забележа победа со „засилениот“ тим на Шкупи 79-66.

Иако гостите од скопската населба Чаир, одлично го отворија мечот и поведоа со 7-0, а потоа и 10-1, домаќините брзо ја стопија негативата и веќе на првата пауза заминаа со два предност (19-17). Во ист ритам продолжија „соколите“ и во вториот период па на одмор заминаа со +8 (42-34).

Шкупи ја доби третата четвртина (14-12) па во последните 10-минути се влезе со резултат 54-48 за домаќините. Но, немаа доволно сили гостинските кошаркари да направат комплетен резултатски пресврт, па на крајот Соколи заслужено славеа со конечни 79-66.

За штипската екипа, која е второ пласирана, ова беше 11-тата победа колку што има и вториот тим на Работнички кој во оваа рунда беше подобар од Водно Санс со 88-83.

До победа стигна и лидерот Вардар, можеби потешко од очекуваното, и тоа на гостувањето кај МКК Куманово со 75-69.

Гостински победи забележаа и четврто и петто пласираните екипи и тоа на гостински терени. Ангели славеа кај Струга со убедливи 23 разлика (86—63), додека во Велес кај Охрид го совлада Борец баскет со 70-59.

Утрешниот натпревар меѓу МЗТ Скопје У.Б. и Баскет Кам ќе се игра во терминот од 14 часот со што ќе биде комплетирана оваа рунда.

#ТАБЕЛАБОДПОБПОР+/=
1ВАРДАР28132238
2СОКОЛИ 19332611477
3РАБОТНИЧКИ 20182611436
4АНГЕЛИ25105109
5ГКК ОХРИД249617
6ВОДНО САНС227857
7МКК КУМАНОВО227838
8ШКУПИ2169-55
9БОРЕЦ БАСКЕТ2169-124
10МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА206837
11БАСКЕТ КАМ17311-88
12ЦРН ДРИМ 00715015-342