Атлетико Мадрид благодарение на голот на Антоан Гризман стигна до победа против Атлетик Билбао на „Метрополитано“.

По тежок натпревар исполнет со многу тактика на тренерите  Симеоне и Валверде, сепак победи еден индивидуелен потег.

Имено Французинот, Гризман во 73 минута со одлична соло акција го постигна единствениот гол на натпреварот за победа на Атлетико со 1-0.

Со оваа победа Атлетико Мадрид е во игра за местата кој водат кон најдоброто клупско првенство, Лигата на Шампионите.