Ново осмо издание на престижната спортска манифестација Охрид трчаТ ќе се одржи денеска, а пријавени се околу 2200 учесници од 31 држава. Листата на учесници ја предводи македонскиот олимпиец Дарио Ивановски за кого ова ќе биде и последна проверка на формата пред настапот на полумаратонската трка на Европското првенство во Рим. Ивановски во Рим ќе трча за седум дена на 9.јуни.
Инаку, оваа година бројката на учесници е голема, а организаторите мораа да го ограничат бројот, иако желба за учество имаше за уште повеќе тркачи.
Стартот на првата трка полумаратонската и штафетната е во 8:15 часот, додека трката на 5 километри ќе стартува во 9 часот. Целиот настан со програма почнува во 7:45 часот, а централната бина е поставена на кејот покрај Охридското езеро.
Поради трките по улиците на Охрид каде ќе се одржуваат трките ќе има посебен сообраќаен режим од 7:45 часот до 11:45 часот.