Од денес до недела во Кавадарци ќе бидеме сведоци на еден историски настан. Имено, викендов ќе се одржи првиот кошаркарски турнир за лица со телесен инвалидитет во нашата држава.
Планирани се три натпревари. Македонската репрезентација, предводена од селекторот Сашо Димитриевиќ ќе одигра со екипи од Србија и Грција.
„Ова е можност да покажеме дека спортот нема граници и дека секој има право да се натпреварува и да ги покаже своите вештини, без разлика на физички способности.
Од името на кошаркарите се заблагодариме на општината Кавадарци и на градоначалникот Митко Јанчев, за целокупната поддршката и иницијатива да се организира ваков турнир.
Голема благодарност до тимовите од Србија и Грција кои одговорија и кои денес со нас креираат една спортска историја.Овој турнир нека ни биде можност да се дружиме, да се натпреваруваме фер и коректно, но пред се да се радуваме на заеднички спортски дух и енергија.
Нека победи најдобриот, а нашата желбата е сите учесници да си одат дома со насмевка на лицето и чувство на гордост што се дел од овој голем спортски настан.
Турнирот нека ни биде незаборавно искуство и нека стане традиција која ќе ја негуваме и развиваме во иднина“,изјави селекторот Димитриевиќ.