Светската ракометна федерација (ИХФ) ги потврди шеширите од кои ќе биде извршена ждрепката за Светското ракометното првенство во 2025 година.

Македонија ќе биде во третиот шешир заедно со: Полска, Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир. Овие селекции сигурно нема да бидат наши противници.

Но, она што не го очекувавме, тоа е потврдено. Хрватите како ко-организатори се решија да ги одберат Словенците, Унгарците и Австријците, да играат во Загреб, Вараждин и Пореч.

Сепак, сеуште постои можност Македонија да биде дел од една од четирите групи што ќе се играат во Хрватска.

Варијантата која не ја посакуваат ракометарите, а уште помалку македонските навивачи е црвено-жолтите да играат во Хернинг (Данска) или Осло (Норвешка).

Ќе ни се „насмевне“ ли среќата, ќе видиме на ждрепката закажана за среда (29 мај – 19:30 часот).

Светското првенство ќе се игра од 14 јануари до 2 февруари 2024 година во Хрватска, Норвешка и Данска.