На националната арена Тодор Проевски во Скопје, се игра 31-вото финале во фудбалскиот Куп на Македонија.
За трофејот ќе се борат кавадаречки Тиквеш и охридскиот тим Воска спорт. Годинашните финалисти за прв пат во клупската историја ќе имаат можност да го сторат тоа, а воедно да го освојат и првиот клупски пехар.
Кавадарчани кои одиграа фантастична сезона, особено во вториот дел на првенството, завршија како четврто пласирани ќе ја имаат благата улога на фаворит. Воска спорт, за прв пат во кратката клупска историја беше прволигаш во штотуку завршената сезона. Но, охридскиот тим стигна и до можност да се бори за трофеј.
Победникот ќе го даде 15-тиот тим кој испеал да го освои трофејот. Досега најмногу, пет пати тоа му успевало на скопски Вардар, а веднаш зад него е Работнички со четири.
Желбата на двата тима е голема, но кој ќе има поголема мотивација и борбеност, најверојатно ќе дојде до трофејот во утрешниот финален натпревар во Купот на Македонија чиј почеток е од 19 часот.
ФУДБАЛСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА
ОСВОЈЕНИ ТИТУЛИ (14 екипи) 5 ВАРДАР 4 РАБОТНИЧКИ 3 СИЛЕКС, МАКЕДОНИЈА ЃП, СЛОГА ЈУГОМАГНАТ 2 ПЕЛИСТЕР, ШКЕНДИЈА, ТЕТЕКС 1 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ, БАШКИМИ, ЦЕМЕНТАРНИЦА 55, МЕТАЛУРГ, ПОБЕДА, РЕНОВА, ТИКВЕШ или ВОСКА СПОРТ | ОДИГРАНИ ФИНАЛИЊА 8 СЛОГА ЈУГОМАГНАТ 7 РАБОТНИЧКИ 6 ВАРДАР 5 МАКЕДОНИЈА ЃП, ПЕЛИСТЕР, ШКЕНДИЈА, СИЛЕКС, 4 ТЕТЕКС 3 ПОБЕДА 2 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ, ЦЕМЕНТАРНИЦА 55, МЕТАЛУРГ 1 БАШКИМИ, МАЏАРИ СОЛИДАРНОСТ, МИЛАНО, НАПРЕДОК, РЕНОВА, СТРУГА ТЛ, ТИКВЕШ, ВОСКА СПОРТ, |