Ракометарките на Ѓорче Петров со два трофеи ќе ја заокружат годинашната сезона. Ѓорче Петров е нов освојувач на Купот на Македонија.
Во финалето „Лавиците“ од Ѓорче го победија тимот на Чаир со 36:24.
Двете екипи влегоа мотивирано во натпреварот па во првите неколку минути од натпреварот се играше израмнето. Чаир во неколку наврати успеваше да создаде минимална предност но, Ѓорче веднаш израснуваше. Ѓорче во 16-та минута успеаја да поведат со +2 (11:9). „Лавиците“ постепено ја зголемуваа предноста, па со серија 4-1 успеаја поведат со 17:13. На полувреме Ѓорче замина со позитива од +5 (19:14).
Во втората половина актуелните шампиони само ја зголемуваа предноста. Па во 36-тата минута поведоа со +7 (22:15). Чаир во неколку обиди се обиде да ја намали негативата но, Ѓорче не дозволија и успешно ја одржуваа предноста. „Лавиците“ во 47-та минута успеаја да поведат со 28:18. Чаир повеќе немаа никакви шанси бидејќи Ѓорче беше незапирлив и само ја зголемуваше предноста. Крајниот резултат беше 36:24.
Најефикасна од Ѓорче беше Николовска Анастасија со седум погодоци, додека од Чаир Бојана Диневска.
Марија Јанкуловска беше прогласена за најдобра ракометарка на завршниот турнир (МВП). Ленора Рахмани од Чаир е прогласена за најдобар стрелец, а нејзината клупска колешка Магдалена Којовиќ за најдобра голманка.
За ракометарките на Ѓорче Петров ова е вкупно 17-ти трофеј во Купот на Македонија.
Вечерва од 19 часот ќе се игра машкото финале, во кое за трофејот ќе се борат шампионот Еурофарм Пелистер и актуелниот вицепрвак Алкалоид.
Ивона Кимовска