Кошаркарите на Бостон ја остварија и третата победа во дуелите со Кливленд и поведоа со 3-1 во победи. „Селтикс“ славеа со 109-102 на гостински терен и сега ги дели една победа од финалето во Источната конференција од НБА плејофот.

Бостон тоа го заслужи со своите игри во регуларниот дел од сезоната каде беше најдобриот тим во лигата. Иако во разигрувањето загуби еден натпревар на домашен терен, но ги доби следните два во Кливленд.

Кај „Селтикс“ најдобар беше Џејсон Тејтум со 33 поени и пет асистенции, а Џејлен Браун додаде 27 поени и осум скока.

За поразените „Кавс“, Дариус Гарланд постигна 30 поени, а Еван Мобли 19 поени. Во гостинската екипа не настапи нивниот најдобар играч Донован Мичел поради повреда.

Следниот натпревар ќе се игра во „ТД Гарден“ во Бостон во четврток во 1 часот по полноќ