Фудбалерите на Лацио славеа победа Емполи со 2-0 во натпревар од 36-тото коло на Серија А. На дуелот одигран на „Олимпико“ во Рим, головите за домаќините ги постигнаа Периќ (45+3) и Уругваецот, Вечино (89)

Со ова победа и вкупно 59 бодови, Лацио има осум повеќе од Наполи на две кола до крајот на сезоната.

Лациалите во моментов имаат гарантирана позиција во Лигата на Европа. Но, сеуште теоретски се во игра се за петтото место, последно што води во Лигата на шампионите.

Со еден бод повеќе од нив се фудбалерите на Аталанта, кои пак имаат одиграно два натпревари помалку.