Последен ден и последна шанса за македонските борачи да обезбедат настап на Олимписките игри во Париз што ќе се одржат летово. Во Истанбул се одржува светскиот квалификациски турнир, на кој останаа во „игра“ само уште двајца македонски борачи.
Уште една можност за Олимписка норма добија Владимир Егоров во категоријата до 57 кг. и Магомедгаџи Нуров до 97 килограми.
Егоров кој беше елиминиран во четвртфиналето, во репасажот за противник ќе го има и Ванхао Зоу oд Кина.
Нуров пак ќе се бори против Магомед Ибрагимов. За да нема забуна, тоа не нашиот легендарен борач кој освои бронза на Олимпијадата во Сиднеј. Овој Ибрагимов е претставник на Узбекистан.