Фудбалерите на Челзи забележаа важна победа на гостувањето кај Нотингем Форест во претпоследното коло од Премиер лигата. Пет голови, неколку ставити, пресврти и триумф на Челзи со 3-2. Накратко ова е сублиматот на натпреварот.
Гостите од Лондон поведоа уште во осмата минута со голот на Украинецот, Михаило Мудрик.
Но, радоста на фудбалерите на челзи не траеше долго. Веќе во 16-тата минута Нотингем Форест стигна до израмнување. Стрелец на голот беше Вили Боли.
Во вториот дел домашниот тим поведе преку Хадсон-Одои во 75-тата минута. Но, тоа не ги обесхрабри фудбалерите на Челзи кои за само две минути постигнаа два гола. Веќе во 80-тата Стерлинг израмни на 2-2, а во 82-та Џексон погоди за 3-2 и победа на Челзи.
Со трите освоени бодови Челзи останува во игра за последното, седмо место што води на европската сцена. Сините од Лондон имаат 57 бодови како и Њукасл кој е седми.
Челзи во последното коло му гостува на Брајтон, а Њукасл оди ва „Олд Трафорд“ кај Манчестер Јунјтед кој исто така е во игра за седмата позиција (54 бодови).