Шпанецот Хорхе Мартин од Прамак Дукати победи на спринт трката што се одржа на патеката Ле Ман за ГН на Франција.

На тој начин со новите 12 бода ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Мартин кој ја имаше и пол позицијата на денешниот спринт успеа на стартот да ги одбраните нападите од своите ривали и со мирно возење да стигне до нова спринт победа во кариерата.

Втор заврши Марк Маркез од Гресини Дукати кој стартуваше како 13-ти, а трет заврши Маверик Вињалес од тимот на Априлија.

Во топ 10 завршија Бастианини, Еспаргаро, Акоста, Џанантонио, Милер, Фернандез и Квартараро.

Поради падови спринт трката не ја завршија шампионот Бањаја и Марко Безеки.

Со новите бодови табелата изгледа вака: Мартин 104, Бастијанини 76, Бањаја 75, Акоста 73, Вињалес 70 и Марк Маркез 69 бода.

Трката за ГН на Франција на патеката Ле Ман ќе се вози утре со почеток од 14 часот.