Ракометарите на Бисинов Фруит Ленд следната сезона ќе играат во Супер лига. Велешкиот тим со победата над Драчево и го потврди 1.место во Прва лига и следната сезона ќе биде дел од елитата.

Велешани до 11-тата победа во исто толку одиграни натпревари во плејоф конкуренцијата дојдоа релативно лесно.

Постојано ја имаа предноста, го контролираа резултатот и играта. Уште на полувремето домаќините имаа пет голови предност 21-16 со кои ја најавија победата. Во вториот дел одиграа колку што беше потребно, за на крајот да слават со конечни 41-35.

Така екипата на Бисинов Фруит Ленд сега има 36 бодови дури 13 повеќе од второ пласираниот состав на Радовиш.