Возбудувањата на кошаркарското Куп на Македонија продолжуваат и денеска и тоа со полуфиналните натпревари во двете конкуренции.
Први на теренот во СЦ Кале излегоа кошаркарките на Баскет Кам и Бадел. Ова практично е реприза на минатогодишното финале кое го добија кошаркарките од Македонска Каменица, па годинава го бранат трофејот.
Ви вториот полуфинален меч од 14.30 часот, кај дамите ќе играат ВАРДАР и МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ.
Во попладневните термини ќе се одиграат двата полуфинални натпревари во машка конкуренција, а двојките се (17 часот) МЗТ СКОПЈЕ А. – ТФТ МОЦАРТ и (19.30 часот) ФЕНИКС – ПЕЛИСТЕР.
Финалните натпревари закажани се за утре (сабота) од 16:30 часот ќе играат дамите од 19:30 часот мажите.