Екипите на Шпанија и Струга Трим Лум, остануваат во трка за шампионскиот трофеј во Првата македонска фудбалска лига. Шкупи го губи чекор и заостанува три бода.

Македонија Ѓорче Петров и штипска Брегалница следната сезона се сели. Ова накратко е сублиматот по денешните дуели од 31.коло во ПМФЛ.

Дербито на Чаир го добија гостите од Тетово. Екипата на Шкендија со головите на Цаке (18.минута) и Адеми (59) славеше на гостувањето кај Шкупи.

Со голот на Марјан Радевски (22) актуелниот првак Струга ТЛ минимално со 1-0 го победи Гостивар. Така сега тетовци и стружани имаат по 61 бод, а чаирчани заостануваат три.

Така дуелот во следното претпоследно коло во Тетово меѓу Шкендија и Струга може да го реши шампионот за оваа сезона.

Во Маџари пак се одигра директен дуел за избегнување на последните две позиции. Во него Вардар со 1-0 ја совлада Македонија, па тимот од Ѓорче Петров и дефинитивно следната сезона ќе се пресели во Втората лига.

Таму ќе игра и штипска Брегалница која денеска освои само бод во Струмица, па штипјани имаат недостижни осум помалку од Вардар.

ПРВА ЛИГА – 31.КОЛО
ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 0-2
СТРУГА Т.Л. – ГОСТИВАР 1-0
БРЕРА СТРУМИЦА – БРЕГАЛНИЦА 1-1
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 3-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС 2-1

Standings provided by Sofascore