Ракометарите на Кил и шпанската Барселона го комплетираат квартетот кој ќе игра на завршницата во Лигата на шампиони.
Ова откако германскиот тим Кил надополни девет гола негатива од првиот меч во Франција против Монпелје. Кил пред своите симпатизери славеше со 10 гола разлика и се избори за нов настап во полуфиналето.
Шпанската Барселона по втор пат беше подобра од францускиот ПСЖ. Иако ова требаше да биде дерби на четвртфиналето, Барселона целата работа ја заври на првиот меч во Париз каде славеше со осим голови разлика. Иако реваншот заврши само со гол разлика, сепак Барселона во текот на целиот натпревар имаше убедлива предност. Сосема заслужено шпанскиот гигант се најде меѓу четирите екипи што ќе се борат за шампионскиот трофеј.
А, него ќе го брани германскиот Магдебург кој заедно со данскиот Алборг својата четвртфинална обврска ја завршија ден порано.
„Фајнл-форот“ ќе се одржи во „Ланксес арената“ во Келн, Германија, на 8 и 9 јуни 2024 година.