Празничната спортска првомајска понуда денеска ќе биде збогатена со натпреварите во Првата македонска фудбалска лига. На програмата се делите од 30-тото коло.

На четири рунди до крајот на сезоната се разгорува битката, како за шампионскиот трофеј, така и за опстанок.

Поразот во неделата на Струга Трим Лум го искористија ривалите за трофејот Шкупи и Шкендија, па сега трите тима се во три бодови разлика.

Шампионот го чека тешко гостување во Кавадарци кај Тиквеш кој игра во одлична форма, а тоа го потврди и со пласманот во финалето на Купот. Второ пласираниот Шкупи оди на „мегдан“ кај Гостивар кој полека но сигурно си го осигура своето место во Првата лига и следната сезона. Во слична ситуација е и Шкендија која во Тетово ја пречекува струмичка Брера.

Директни дуели во битката за опстанок ќе се играа во Штип и Ѓорче Петров. Последно пласираната Брегалница го пречекува Вардар, а Македонија е домаќин на Воска спорт. Бодови за мирни завршни три рунди ќе бркаат и фудбалерите на Работнички кои гостуваат во Кратово кај Силекс.

Сите натпревари ќе почнат во терминот од 16 часот.

ПРВА ЛИГА – 30.коло
среда 1 мај

ТИКВЕШ – СТРУГА Т.Л.
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР
ГОСТИВАР – ШКУПИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ
ШКЕНДИЈА – БРЕРА СТРУМИЦА
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ

Standings provided by Sofascore