Во машката ракометна Супер лига денеска ќе се одиграат три натпревари од 12-тото коло. Два натпревари на програмата се во плејоф, односно еден во плејаут конкуренцијата.

Вниманието ќе биде насочено кон дуелот во Битола, каде шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува кавадаречки Тиквеш. Со победа, битолчани ќе бидат чекор поблиску до одбрана на шампионската титула, па мирно ќе може да го следат утрешното дерби.

А, тоа ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ каде ривалот на пелистерци, Вардар ќе го дочека вицепрвакот и трето пласиран на табелата Алкалоид.

По оваа рунда следуваа пауза поради репрезентативниот настап на машката селекција во баражот за Мундијалот со Фарските Острови.

Последните две рунди ќе се играат по завршницата на Купот на Македонија закажана од 16 до 19 мај во Скопје.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈОФ – 12.КОЛО
01.мај – среда

18:00 БУТЕЛ – СТРУГА
19:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
02.мај – четврток
18:00 ВАРДАР – АЛКАЛОИД
19:00 ОХРИД – ПРОЛЕТ 62

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 32 бодови, Вардар 30, Алкалоид 27, Охрид 23, Тиквеш 19, Бутел 7, Пролет 6 и Струга 0.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ – ПЛЕЈАУТ – 12.КОЛО
01.мај – среда

15:30 СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
04.мај – сабота
18:30 ПРИЛЕП – КУМАНОВО
09.мај – четврток
17:00 ГОЛДЕН АРТ КЛ7 – ВАРДАР НЕГОТИНО

ТАБЕЛА: Куманово 29 бодови, Е. Пелистер 27, Прилеп 27, Вардар Неготино 21, Мулти Есенс 17, Голден Арт 13, Скопје 6.