Екипата на Барселона се изнамачи да го совлада „десеткуваниот“ состав на Валенсија. Барса ја искористи бројчаната предност на теренот и со хет-трикот на Роберт Левандовски славеше со 4-2.
Домаќините поведоа во 22.минута со голот на Фирмин Лопез, а по акцијата на Рафиња.
Но радоста на навивачите на Барса не траеше долго. Само пет минути подоцна (27) Духо, го искористи поклонот од Терштеген кој направи кардинална грешка и израмни на 1-1. Веќе во 38.минута Пепелу од пенал и донесе водство на Валенсија од 1-2.
Гостите во судиското дополнение на првото полувреме останаа без играч помалку. Голманот на Мамардашвили, играше со рака надвор од казнениот простор во ситуација кога заработи Јамал беше во гол ситуација. Грузиецот заработи директен црвен картон.
По четири минути игра во вториот дел, а по корнерот на Гундоган од левата страна, Левандовски ја затресе мрежата на Валенсија за изранување на 2-2.
Избраниците на Чави се обидуваа со сите сили да дојдат до ново водство. По неколкуте шанси, повторно Левандовски најдобро се снајде по корнерот во 82-та минута. И кога сите очекуваа дека со тој резултат ќе заври натпреварот, Пољакот повторно стапи на сцена. Течеше третата минута од судиското дополнение кога Левандовски од слободен удар постигна еврогол и го комплетира својот хет-трик, за конечни 4-2 за Барса.
Со овој триумф Барселона се врати на второто место на табелата со бод повеќе од трето пласираната Џирона. Водечкиот Реал Мадрид има дури 9 бодови повеќе од Барса.