До крајот на сезоната во машката ракометна Супер лига остануваат уште три кола. Веќе во среда и четврток ќе се играат дуелите од 12-тото во плејоф конкуренцијата. Потоа ќе следи репрезентативната пауза.

Дербито од дванаесеттата рунда на програмата е во четврток (2 мај) кога во „Јане Сандански“ ќе играат Вардар и Алкалоид.

Ова е еден можеби еден од последните решавачки натпревари, кога во прашање е шампионскиот трофеј. Секако, тоа најмногу ќе зависи од актуелност шампион Еурофарм Пелистер кој во моментов има два бода повеќе од вардарци, а дури пет од Алкалоид.

Од таборот на црвено-црните информираа дека за дербито во четврток пуштени се во продажба картите.

Цената на влезниците е 200 и 250 денари, а може да се купат онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/vardar_alkaloid.

Продажба на картите за натпреварот ќе има и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“.
Работното време на билетарницата ќе биде во четврток (2 мај) од 15 до почеток на натпреварот, закажан за 18 часот.