Екипата на Рајо Ваљекано за која настапува македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски претрпе пораз на гостувањето кај Виљареал.
Но натпревар од 30.коло популарната „жолта подморница“ славеше со убедливо 3-0.
Домаќините поведоа во 18.минута со голот на Сорлот, кој уште еднаш го совлада Димитриевски во 30-тата, но тој гол беше поништен поради офсајд.
Во вториот дел во листата на стрелци се запишаа Москера (69) и Сорлот уште еднаш (74) за конечни 3-0 за Виљареал.
Ова беше 13-ти пораз сезонава за Рајо Ваљекано со пок останува на 15-место на табелата. Сепак, Рајо има осум бодови повеќе од 18-тиот Кадиз кој е во зоната за испаѓање.