Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да победат на гостувањето кај Вест Хем и да го продолжат притисокот на конкурентите за титулата. На гостувањето во Лондон, а во меч со четири гола Вест Хем и Ливерпул одиграа 2:2.
Најголемата шанса да го отвори резултатот ја имаше Дијаз за гостите. Но, неговиот удар во 40-тата минута заврши во стативата од голот на домаќините. На спротивната страна во 44.минута, Алисон го спаси својот гол во првиот обид, но не и вториот кога биеше Џерод Бовен за водство на Вест Хем од 1:0.
На стартот на вториот дел Ливерпул тргна далеку по офанзивно. Тоа резултираше со голот на Ендрју Робертсон по само три минути игра (48) за израмнување на 1:1.
Со многу среќа и со помош на домашниот фудбалер Огбона, Ливерпул во 65.минута направи пресврт и поведе со 1:2.
Предноста Ливерпул не ја задржа долго. Се играше 78.минута кога по нафрлање на Робертсон на вистинското место беше Антонио за израмнување на 2:2.
Во судиското дополнение Елиот можеше да му донесе триумф на Ливерпул но ја погоди пречката, а резултатот остана не променет.
Ливерпул загуби два важни бода во трката за титулата. Црвените кои се трети сега имаат 75, еден помалку од Манчестер Сити кој е втор у два од лидерот Арсенал.
Водечкиот двоец утре ќе ги игра своите натпревари од оваа рунда, а шампионот Сити треба да игра уште еден.