Претпоследната, петта, рунда во плеј-аут конкуренцијата во Првата машка кошаркарска лига на програмата е денеска. По денешните натпревари, може да се знае и кој два тима следната сезона ќе останат во Првата, а кои ќе се преселат во Втората лига.

Кошаркарите на Кожув и теоретски си ја завршија работата. Гевгеличани имаат две победи повеќе во однос на конкурентите, па и да ги загубат последните два натпревари, тие и догодина ќе бидат прволигаши.

Затоа пак за нивниот денешен противник Охрид ситуацијата е „да се биде или не“. Охриѓани заостануваат една победа зад скопските екипи Вардар – Академија ФМП кои денеска играат меѓусебно. Така кошаркарите на Охрид не само што мораат денеска да слават, туку ќе го чекаат исходот од дуелот скопскиот дуел.

Математики и калкулации има повеќе како за прволигашкиот опстанок, така и за ранг подолу. Се ќе биде многу појасно уште по првиот натпревар кој ќе се игра во Охрид од 16 часот.

Два часа подоцна (18) во малата сала на СЦ „Кале“ ќе се игра скопскиот дуел меѓу Вардар и Академија ФМП.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈАУТ ЛИГА 5.КОЛО
четврток

16.00 ОХРИД – КОЖУВ
18.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ВАРДАР

ТАБЕЛА: Кожув 34 бодови, Вардар 32, Академија ФМП 32 и Охрид 30.