Четворица поранешни освојувачи на Лигата на шампионите оваа сезона настапуваат во „второлигашкото„ натпреварување на европскиот клупски фудбал, Лигата на Европа, почнувајќи од осминафиналето: Барселона, Манчестер Јунајтед, Ајакс и Јувентус.
На програмата се првите средби од шеснаесетина финалето, а дуелот на дуелите секако е пресметката на „Камп Ноу“ каде Барселона го дочекува Манчестер Јунајтед.

Тоа ќе биде вкупно 14-та пресметка на фудбалските великани, а за првпат ќе ги одмерат силите во Лига Европа.
Барселона има шест триумфи, додека Јунајтед три пати излегуваше како победник, четири средби завршија нерешено. Последен пат Манчестер беше подобар од Барселона, кога менаџер на „црвените ѓаволи“ беше Алекс Фергусон во 2008 година. Оттогаш екипите одиграа четири натпревари и во сите дуели Барселона беше подобра.

Јасно е дека еден од фаворитите за освојување на Лигата на Европа мора да испадне во првата нокаут-фаза.

ЛИГА ЕВРОПА 1/16 ФИНАЛЕ (ПРВ НАТПРЕВАР)
18:45 БАРСЕЛОНА – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
18:45 АЈАКС – УНИОН БЕРЛИН
18:45 САЛЦБУРГ – РОМА
18:45 ШАХТЈОР – РЕН
21:00 БАЕР Л. – МОНАКО
21:00 ЈУВЕНТУС – НАНТ
21:00 СЕВИЉА – ПСВ
21:00 СПОРТИНГ Л. – МИТЈИЛАНД

Реванш дуелите на програмата се на 23 февруари (следниот четврток)