Арсенал во градското лондоско дерби со „петарда” го поздрави Челзи. Со 5:0 Арсенал сеуште се бори со сите сили за освојување на Премиер Лигата.
Првото полувреме помина помирно и понефикасно за разлика од второто. Во 4.та минута беше постигнат единстветниот гол во првото полувреме и тој гол беше дело на Леандро Тросард.
Во вториот дел се распукаа „топџиите”. Најпрво Бен Вајт постигна гол за 2:0 во 52.та минута. На 3:0 зголеми Каи Хаверц во 57.та минута. Во 65.та минута Каи Хаверц зголеми на 4:0. Конечните 5:0 ги постави Бен Вајт во 70.та минута.
Арсенал цврсто му пружа отпор на фаворитот Манчестер Сити во борбата за Премиер Лигата. Арсенал на 34 одиграни кола имаат 77 бода. Манчестер Сити има два заостанати натпревари и се наоѓа на 3.то место со 73 бода. Челзи пак по 32 одиграни натпревари има 47 бода и се наоѓа на 9.то место.