Екипата на Лацио дојде до „пирова” победа против Јувентус од 2:1 во полуфиналето од Италијанскиот куп. Јувентус се пласираше во финалето благодарение на првиот меч кој го добија со 2:0.

Лацио на свој терен покажа дека има сила да игра. Во 12-та минута Тати Кастељанос погоди за 1:0 и им даде шанса на „римјаните”.

Во второто полувреме Тати Кастељанос зголеми на 2:0 во 49-та минута.

Херој на Јувентус беше Аркадуш Милик кој постигна многу важен гол во 83-та минута за 2:1 и вкупна предност на Јувентус.

Јувентус во куп финале ќе го чека победникот од двомечот меѓу Фиорентина и Аталанта.