Кошаркарките на Вардар се првите полуфиналистки во плејофот во женска Прва лига.

Вардарки беа подобри од својот противник, екипата на Пробаскет и на вториот меч од серијата. Тие повторни го добија натпреварот убедливо со 75:54, и со максимални 2-0 во победи обезбедија пласман во вториот круг од разигрувањето за титулата.

На реваншот црвено-црните триумфот го најавија уште во првата четвртина (19:9), а на полувремето разлика беше уште поголема (34:21). Најдобриот период беше третиот, во кој беа и најубедливи (28:15) за потврда на вториот „поен“ во серијата.

Деловска реализираше 18 поени, Пислевска 13, а Зафировска 12 поени за победнилката екипа. На спротивната страна Јовановиќ постигна 19 , а Бошкова 10 поени.

Во полуфиналето Вардар за противник ќе го имаат подобриот од дуелите меѓу екипите на Куманово-Гризли и Бадел, во кои кумановки ја добија првата „пресметка“.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
денеска

ПРОБАСКЕТ – ВАРДАР 54:75 (0-2)
утре
19.00 БАСКЕТ КАМ – ПАТРИОТ прв натпревар
19.00 БАДЕЛ – КУМАНОВО ГРИЗЛИ (0-1 во победи)
четврток
20.00 Крива Паланка – МЗТ Скопје А. (1-0)

ПОЛУФИНАЛЕ
ВАРДАР – Бадел / Куманово Гризли
Баскет Кам / Патриот – МЗТ Скопје А. / Крива Паланка