Ракометарите на Бутел постигнаа важна победа во борбата за шестото место на табелата од Супер лигата плј оф откако попладнево на домашен терен го совладаа директниот ривал и градски конкурент тимот на Пролет со 23:17 (10:9).
Натпреварот беше решен во вториот дел кога домашниот тим имаше подобра игра во одбраната со која противникот постигна осум голови, додека „бутелчани“ во натпревар со малку голови 13 пати ја тресеа мрежата на Пролет.
Димитар Ѓорѓиевски и Филип Николов од Бутел беа стрелци на 5 голови, додека кај Пролет Доне Мајнов пет пати ја затресе противничката мрежа.
Со денешната победа Бутел се искачи на шестото место на табелата со 7 бодови, додека Пролет е седми со 6 бодови.