Ливерпул триумфираше со 3:1 на важен натпревар против Фулам. Откако не успеа „црвените” да се пласираат во полуфиналето на Лига Европа, сите сили им се насочени кон домашниот шампионат.

Во првото полувреме Ливерпул го диктираше темпото ма игра. Трент Александар Арнолд постигна гол за 1:0 за Ливерпул во 32.та минута. Во 47.та минута Кастањ постигна гол за 1:1.

Во вториот дел Ливерпул презема тотална контрола на натпреварот. Најпрво Рајан Гравенберх постигна гол за 2:1, а потоа на контранапад Диого Жота запечати на конечните 3:1.

Ливерпул го следи Арсенал во Премиер Лигата. Двата тима имаат по 74 бода еден повеќе од Манчестер Сити кој има натпревар помалку. Фулам се наоѓа на 12-та позиција со 42 освоени бода.