Ракометарите на Вардар не ја направија истата грешка во дуелот со кавадаречки Тиквеш. Вардарци во натпревар од 10-коло на Супер лигата, плејофот, славеа победа со 29-25.
Од самиот почеток вардарци го контролираа резултатот. Во финишот на првиот дел имаа и најголеми четири голови разлика 13-9. Но, до крајот на полувремето постига само еден, а примија четири гола, па на пауза Вардар замина со минимална предност 14-13.
По девет минути игра во второто полувреме, кавадарчани успеаја да го израмнат резултатот на 19-19. Но, Вардар со серија од 5-1 дојде до четири гола предност (24-20). Таквата разлика црвено-црните знаеја како да ја сочуваат и на крајот за слават со конечни 29-25.
Најефикасен во победничката екипа беше Јапонецот, Косуке Јасухира со 9 голови, а Милан Лазаревски беше стрелец на 6. Во поразениот тим Срѓан
Најефикасен во победничката екипа беше Јапонецот, Косуке Јасухира со 9 голови, а Милан Лазаревски беше стрелец на 6. Во поразениот тим Срѓан Мијатовиќ кој постигна седум гола.
Со овој триумф Вардар изби на првото место на табелата со 27 бодови еден повеќе од Еурофарм Пелистер. Шампионот утре го чека тешко гостување кај Охрид.