Рајо Ваљекано и Столе Димитриевски беа триумфални против Осасуна. На важен натпревар Столе и неговиот Рајо оставрија триумф од 2:1.

Во првото полувреме Осасуна ја искористи својата шанса и дојде до водство од 1:0. Стрлец на голот беше Мои Гомес во 29.та минута.

Во второто полувреме Рајо ја зацврсти својата игра и дојде до посакуван резултат. Најпрво во 80.та минута со голот на Пеп Чаварија израмни на 1:1, а потоа за триумф од 2:1 стрелаше Иси Палазон во 84.та минута.

Рајо и Столе со овој триумф се искачија на 14.та позиција со 34 бодови. Осасуна остана на 11-та со 39 бода на 32 одиграни натпревари.