Тимот на Шампион од Скопје со освои вкупно 41 медал е најуспешниот на Првото Национално кик бокс првенство за 2023 година за сите возрасти во категории (татами – кик лајт, ринг– лоу кик и К1) , што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“во организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија (КМФМ).
На првенството учествуваа 346 натпреварувачи во 386 натпреварувачки влезови од вкупно 28 кикбокс клубови од целата држава.
Натпреварувањата се одвиваа на еден ринг и пет татами борилишта. Вредно е да се напомене дека ова е најмасовното национално кикбокс првенство што е организирано во нашата држава од формирањето на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија до денес.
Натпреварувањето се одвиваше во одлична спортска атмосфера и одлична организација од страна на КМФМ.
Во склоп на првенството се одржа и подготвителен судиски семинар за судиите на татами и ринг и тренерски семинар.
Дополнително, во паузата помеѓу мерењето и почетокот на натпреварите беше одржано и Редовно собрание на КМФМ за 2021 година.
Реализацијата на овој масовен натпревар беше потпомогната од страна на Агенцијата за млади и спорт на РСМ, како и неколку домашни компании од приватниот сектор.
Најуспешен кикбокс клуб е КБК Шампион од Скопје кој освои вкупно 41 медал од кои 20 златни, 10 сребрени и 11 бронзени, а воедно истиот беше и најмногу броен клуб на натпреварот, за што беше награден со златен пехар. Втор по успешност и бројност беше клубот Гладијатор од Скопје со 40 натпреварувачи кои му донесоа вкупно 22 медали, 12 златни, 8 сребрени и 9 бронзени медали, за што беше награден со сребрен пехар.
На првенството беше оддадена и поддршка на колегите од Турција со апел сите спортисти и граѓани на Македонија да се приклучат во хуманитарната акција и да донираат на специјалниот број за оваа намена.