Во Првата машка кошаркарска лига денеска на програмата се два нови дуели. Во Скопје и Битола ќе се играат третите натпревари од четвртфиналето во плејофот.

Во СЦ „Кале“ екипите на ТФТ и Чаир ќе ја бркаат втората победа во меѓусебните дуели.

Ова откако тимот од скопската населба Тафталиџе, направи „брејк“ во вториот натпревар и го израмни резултатот на 1:1 во победи. Ако се суди според прикажаното на претходните два натпревари, тогаш и денеска би требало да гледаме неизвесна кошарка. ТФТ сепак влегува како благ фаворит, не само според прволигашкото и меѓународното искуството, туку и според она што го одиграа избраниците на Боро Смилковски на теренот на противникот. Во првиот натпревар иако во најголемиот дел беа во преданост, го загубија, но во вториот не ја направија истата грешка и победија.

Чаирчани пак ќе се обидат да направат „ри-брејк“ и да се изборат во најмала рака за мајсторка на свој терен. Кој ќе поведе со 2:1 во победи во серијата до три, ќе видиме по натпреварот што е закажан од 12.30 часот.

Вториот натпревар денеска, ќе се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Таму домашниот состав на Еуро Никел е пред императив на победа, доколку кавадарчани сакаат да ја продолжат сезоната. Во спротивно, триумф на Пелистер ќе значи крај на серијата и пласман пласман на Пелистер во полуфиналето. Исходот од овој дуел го чекаат кошаркарите на Работнички. Тимот од „Градски парк“ веќе си обезбеди пласман во полуфиналето совладувајќи го Феникс во три натпревари.

Натпреварот меѓу Еуро Никел и Пелистер ќе почне од 18 часот.

Двата натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)