Иако дуелот мешу Ѓорче Петрив и Куманово, требаше да биде дерби на колото, сепак шампионките премногу лесно стигнаа до победата.
Ракометарките на Ѓорче Петров со убедливи 16 голови разлика 37:21 го совлада Куманово.
Екипата на Ѓорче Петров уште во почетните минути го најави тектот на мечот со водството од 5:1. „Лавиците“ само ја зголемуваа предноста па во 21-тата минута со серија од 10-0 успеа да поведе со 15:4. Куманово се обидуваа да ја намалат негативата но, Ѓорче не дозволија. Па на полувреме Ѓорче замина со позитива од 18:8.
Во втората половина Ѓорче не дозволија Кумановки да изненадат и успешно ја одржуваа предноста. Домашната екипа во 40-тата минута ја зголеми предноста на +16 (28:12). Ѓорче Петров со серија 8-1 успеаја да поведат со максимални 28:11. Во последните 15 минути кумановки иако се обидуваа да ја намалат негативата не успеаја бидејќи Ѓорче беше незапирлив. Крајниот резултат беше 37:21.
Најефикасна од Ѓорче беше Емилијана Ризоска со осум погодоци, од Куманово Ѓошевска Јана постигна исто осум гола.
Ивона Кимовска