Ракометарите на Тиквеш ја остарија петата победа во плејоф конкуренцијата на Супер лигата.

На гостувањето во Струга кај истоимената домашна екипа, а во меч од осмото коло, Тиквеш славеше победа со 22-29.

Во првиот дел стружани беа рамноправен противник иако кавадарчани во еден миг имаа и четири гола предност. На паузата Тиквеш замина со два гола разлика 15-13. На почетокот на вториот дел со серијата од 3-0, избраниците на Радослав Стојановиќ се одлепија, што се покажа како клучен момент на натпреварот. До крајот рутински ја одржуваа и зголемуваа предноста, па кавадарчани славеа со конечни 29-22.

Мирко Мајичќ и Мики Лазов со по пет гола беа најефикасните ракометар во победничката екипа, додека кај Струга, пет гола постигна Александар Тренчевски.

Со новите бодови и вкупно 16, Тиквеш е петти со два бода помалку од Алкалоид, а еден од Охрид кој утре против Бутел го игра својот меч од осмата рунда.

Во следното коло, Тиквеш ќе биде домаќин на вицепрвакот Алкалоид.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 8.КОЛО
Среда

СТРУГА – ТИКВЕШ 22-29
Четврток
19.00 ОХРИД – БУТЕЛ
одиграно вчера (вторик)
ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24-20
АЛКАЛОИД – ПРОЛЕТ 28-23

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 23 бодови, Вардар 21, Алкалоид 18, Охрид 17, Тиквеш 16, Бутел 4, Пролет 3 и Струга 0.