Кошаркарите на Работнички ја остварија втората победа во четвртфиналето со Феникс и се на чекор до пласман во полуфиналната рунда.

Работнички го доби доби дуел против Феникс со 100-94 и има предност од 2:0 во победи во серијата подобар до три.

Во првото полувреме, гостинската „легија на странци“ и ветерани беше подобра од онаа на работнички. Феникс на пауза замина со 11 поени предност (42-53).

На почетокот на второто полувреме домаќините направија серија од 13-3 и дојдоа до поен негатива. Набрзо ја презедоа и контролата на резултатот и поведоа. Во последниот период Работнички влезе со +7 (78-71). Таквата предност тимот на Горан Самарџиев знаеше како да ја сочува и да ја материјализира во победа со конечни 100-94.

Димитрик Трајс со 32 поени беше најефикасниот играч на натпреварот и во победничката екипа, за која Роберт Рикиќ оствари дабл-дабл со 23 поени и 13 скокови. За поразениот Феникс, Џозеф Рис постигна 30 поени на кои додаде 9 скокови.

Со овој триумф Работнички го дели само една победа од полуфиналето, во серијата што ќе се префрли во „Јана Сандански“.