„Цената“ за пласман во Втората фудбалска лига е голема. Фудбалерите на Куманово славеа важна победа на гостувањето БВК Коњаре со 2-0 во дербито од Третата лига Север.
Но, овој триумф на кумановци не им се допадна на навивачите на Шкендија од Арачиново, па оние кои го „следеле“ натпреварот решиле да се пресметаат до домаќините.
Кумановци излегоа со соопштение до јавноста објавено на својот Фејсбук профил, а инцидентот го патрдија и од МВР.
Интегрално ви го пренесуваме соопштението на ГФК Куманово
„Освоени три бода на дерби натпреварот на тешко гостување против екипата на БВК Коњаре.
Најпрвин да им честитаме на сите играчи, стручниот штаб и управата на клубот.
Сега да ја известиме јавноста во Македонија што денеска се случуваше на натпреварот.
Натпреварот беше екстра организиран од страната на домашната екипа и припадници за одржување на редот ЕБР,ИНТЕРВЕНТНА ПОЛИЦИЈА и редовната полиција од СВР ПЕТРОВЕЦ.
За разлика од претходното гостување на нашата екипа во Синѓелиќ каде како што ве информиравме дека немаше никакви услови за фудбал и дека ни се закануваа дека живи нема да излеземе ако бодовите не ги освои домашната екипа.
Денес домашната екипа на БВК на натпреварот влезе мотивирано но уште на самиот старт по една контра го отворивме резултатот со 0:1.
Во првиот дел имавме уште две сто постотни шанси за гол кои не ги искористивме.
На стадионот во с.Средно Коњари имаше домашна публика која навиваше фер и коректно и навивачи од Арачиново кои цело време вршеа притисок на нашите фудбалери но тоа е дозволено во фудбалот.
На стартот од вториот дел го зголемивме водството од 0:2 и имавме контрола на натпреварот.
Навивачите од Арачиново во 70 минута од натпреварот почнаа да го напуштаат стадионот незадоволни од резултатот и не знаеме што очекувале од домашната екипа да направи на овој натпревар кога сите екипа знаат дека моментално сме најквалитетна екипа во Трета лига север.
По напуштањето на стадионот навивачите од Арачиново ја нападнаа домашната публика каде дојде до прекин на натпреварот и да немаше полиција во голем број кој знае што ке се случеше на натпреварот.
По пауза од 30 минути продолживме со натпреварот и резултатот остана непроменет 0:2.
Уште еднаш апелираме до ФФМ дека екипата на Шкендија од Арачиново не само што се заканува на нашата екипа дека почна да се заканува и на сите наши противнички екипи кои играме до крајот на првенството.
На домашната екипа на БВК сакаме да им се заблагодариме за фер и коректен натпревар и се покажаа како вистински домаќини. Иако сакаа со сето срце да ни земаат бодови мора да признаат дека сме поквалитетна екипа од нив.
Голема благодарност и Полиција која денес беше на висина на задачата и покажаа дека се вистински професионалци.“