Женската репрезентација на Македонија оствари триумф во мечот од првото коло во рамките на Втората Евроафриканската зона од Били Џин Кинг купот совладувајќи ја Естонија со 2:1.

Победата ја донесе македоскиот дубл кој едноставно доминираше во мечот и имаше постојана контрола над резултатот. Во решавачкиот меч Македонија поведе со 2-0 во гемови, а потоа водеше и со 3:1 и 4:2, за сетот да го заврши со 6:3 и водство од 1:0 во сетови. Вториот сет беше целосна доминација на македноските тенисерки кои поведоа со 4:0 во гемови, за потоа Естонија да намали на 4:2, но Ѓорческа и Стоилковска не дозволија пресврт и сетот го завршија со 6:2 и 2:0 во сетови за конечни Македонија – Естонија 2:1. Одличната реализација на брејк топките се покажаа како клучни особено што Македонија имаше 6/7, а Естонија 2/7.

Триумфот е уште поважен ако се знае дека противникот водеше со 1:0 во добиени мечеви откако Елена Малигина го добиот дуелот со Магдалена Стоилковска со 2-0 во сетови (61 63). Сепак Стоилковска покажа дека може да игра добро, но слабиот процент на реализирани брејк шанси не и дозволија да освои повеќе гемови (2/13), додека нејзината противничка имаше 6/8. Притоа Малигина освои 17 поени повеќе од Стоилковска (71:54).

Клучниот меч за победата беше поенот кој го освои нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа против искусната Каја Канепи. Во првиот сет Ѓорческа спаси и сет топка. Канепи поведе со 2:0, а потоа имаше постојано предност од еден брејк повеќе и по 5:3 следуваа клучните моменти во мечот. Ѓорческа стигна до 5.5 откако во 10.тиот гем спаси и сет топка. Во тај брекот по 1:0 во поени за Канепи, Лина имаше серија од четири поени за да го добие тај брејкот со 7:4 на поени и водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет по 2:2 во гемови македонската тенисерка освои два гема за водство од 4:2, а потоа Естонката изедначи на 4:4, но тоа не беше пречка за Ѓорческа која со нови два гема го доби сетот со 6:4 во гемови, а тоа значеше 2-0 за Ѓорческа и Македонија изедначи на 1:1.

Утре Македонија е слободна, а во среда е мечот со Хрватска, додека утре играат Хрватска – Естонија.