Пет натпревари попладнево ќе се играат во Првата македонска фудбалска лига, а во рамките од 26-тото коло.
Како наближува крајот на сезоната така секој бод е драгоцен. Ова важи без малку за сите екипи, едно што се борат за титулата, а други за опстанок. Такви ќе бидат гостувањата на трите водечки екипа на табелата, кои за противници ги имаат трите најслабо пласирани.
Актуелниот шампионот и лидер на табелата Струга Трим Лум за противник го има Вардар. Стружани имаат само три бода предност во однос на второ рангираниот Шкупи кој пак ќе гостува во Штип. Брегалница е последна на табелата со два бода помалку од Македонија Ѓорче Петров и четири помалку од Вардар. „Лавовите“ во Ѓорче ја пречекуваат трето рангираната Шкендија.
Трите бода, ги посакуваат и останатите четири екипи кои ќе играат во Кавадарци и Охрид.
Чии „математики“ на крајот ќе излезат точни ќе видиме по дуелите што ќе почнат од 15 часот.
Дел од натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
ПРВА ЛИГА 26.КОЛО
недела (15 часот)
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л.
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – ШКЕНДИЈА МРТ3
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
ТИКВЕШ – БРЕРА СТРУМИЦА
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ
сабота
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0-0