Кошаркарите на Работник ја остварија првата победа во четвртфиналната рунда на плејофот. На стартот од разигрувањето во Првата лига, Работнички ја оправда фаворитската улога и го победи Феникс со 84-80.

По израмнетата прва четвртина (21-19), Работнички на средината на втората имаше и 17 поени предност (41-24). До крајот на полувремето сочуваа +12 (49-37). На стартот на вториот дел Феникс со серија седум поени и намали на само пет негатива, а подоцна дојде и до -3 (55-52). Со таква предност Работнички влезе и во последниот период (62-59). Се што сторија гостите е докрај да ја држат неизвесноста, но не и да направат пресврт. Така Работнички славеше со со 84-80 и поведе со 1:0 во победи.

Роберт Рикич со дабл-дабл ефект со 16 поени и 14 скокови, заедно со Американците, Рајс (18 поени) и Декоси (13), беа најзаслужни за овој триумф на Работнички.

Во тек е дуелот во Битола, меѓу Пелистер и Еуро Никел, а вечерва се игра и скопското дерби Чаир – ТФТ. Шампионот МЗТ Скопје вчера го совлада Гостивар и поведе со 1:0 во победи во серијата подобар до три.

Се одигра и вториот натпревар во плејаут конкуренцијата. Во Гевгелија, кошаркарите на Кожув го совладаа Вардар со 74-63. Во неа вчера Академија ФМП славеше на гостувањето кај Охрид.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈОФ ЧЕТВРТИНАЛЕ (прв натпревар)
сабота
(2) РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 83-80
(3) ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ во тек
(4) ЧАИР – ТФТ од 21 часот
петок
(1) МЗТ СКОПЈЕ А. – ГОСТИВАР 87-68 (1-0 во победи)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈАУТ ЛИГА
КОЖУВ – ВАРДАР 74-63
ОХРИД – АКАДЕМИЈА ФМП 88-93

ТАБЕЛА: Кожув 29, Академија ФМП 27, Охрид 26, Вардар 25