Важна победа во борбата за шампионската титула оствари првакот Еурофарм Пелистер во салата Автокоманда со триумф над Алкалоид со 35:25 (16:12).

Почетокот на дербито беше во знакот на менувањето на водството на двете екипи, а првата посериозна предност ја имаа битолчани 7:5 во 10 минута. Алкалоид успеа да изедначи на 7:7, но брзо потоа со серија од 4-0 шампионот поведе со 11:7 казнувајќи ги грешките на домашниот тим. Одбраната на Е.Пелистер беше секогаш добро поставена и во финишот на првиот дел првакот поведе и со 15:9, предност која подоцна Алкалоид ја намали.

Вториот дел почна во знакот на домашниот тим со поангажирана игра во нападот стигнаа до -2 (17:19) во 38.минута. Пелистер брзо ја врати предноста по тајм аутот на тренерот Ангеловски следуваше серија од 4-1 за 23:18.

Со тактичка игра искусната екипа на Пелистер го одржуваше водството вредно за нова победа. Гостите од Битола предноста ја одржуваа и благодарение на одбраните на голманот Лесјак. Во 52.минута битолчани имаа и +7 (29:22).

Најефикасен на дуелот беше Цехте од Пелистер со 11 голови, додека кај Алкалоид Дамјан Митев постигна 6.

Со овој триумф Еурофарм Пелистер е лидер со 23 бодови, пред Вардар со 18. Двете првопласирани екипи во вторник во Скопје го играат новиот дерби натпревар.