Без големи возбудувања со по неколку шанси на двете страни заврши дуелот меѓу Силекс и Гостивар. Во воведниот натпревар од 26.коло на ПМФЛ, немаше голови, а двете екипи им останаа „должни“ на малобројните гледачи во Кратово.
Единствената посериозна шанса ја имаа гостите преку Кехинде во 12-тата минута. Нигериецот изби сам домашниот голман Божиновски, но од 5-6 метри не успеа да го совлада.
И во второто полувреме иста слика, гостиварци беа поактивни, Кехинде се обиде во два наврати, но неефикасно. Голема шанса за Силекс пропишти Маронг чиј удар во 60-тата минута го одбрани гостинскиот голман Ерсу. Обидите на Серафимовски во 80.минута и Калановски 87.минита, заврши само неколку сантиметри крај голот на гостите.
Во финишот на натпреварот гостите останаа со играч помалку откако Билали заработи директен црвен картон. Во последната минута се обиде и Милосављевиќ од слободен удар, но турскиот голман на Гостивар изби во корнер.
Со по еден осоен бод двата тима останаа на истите позиции на табелата. Силекс е четврти со 37, а Гостивар шесто со 33 бодови.
Утре на програмата се останатите пет натпревари од ова коло.
ПРВА ЛИГА 26.КОЛО
сабота
СИЛЕКС – ГОСТИВАР МРТ
недела (15 часот)
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л.
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – ШКЕНДИЈА МРТ
БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ
ТИКВЕШ – БРЕРА СТРУМИЦА
ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ