Фудбалерите на Милан со новата победа на Сан Сиро од 3-0 над Лече се зацврстија на втората позиција во Калчото.

Уште на самиот старт на мечот Милан го отвори резултатот со голот на Пулишиќ во 6-тата минута на асистенција на Чуквуезе.

Веќе во 20-тата минута беше 2-0 откако најдобриот стрелец на Милан, Оливие Жиру ја погоди мрежата за сигурно водство на домашниот состав.

Пред крајот на првиот дел Лече остана и со играч помачку откако Крстовиќ доби директен црвен картон.

Доминацијата на мечот и на теренот Милан ја потврди во вториот дел откако Леао стрелаше за 3-0 во 58-та минута.

Тој резултат остана до последниот свиреж на судијата за нови три бода за Милан на своето конто.

Милан сега има 68 бода дури девет повеќе од Јувентус, a 11 помалку од Интер.