Екипата на Реал Сосиедад ја прекина мини низата од два натпревари без победа во шпанската Ла Лига.
Тимот кој е на третата позиција на табелата зад Барселона и Реал Мадрид, вечерва славеше победа на гостувањето во Барселона кај Еспањол со 3-1.
Јапонецот, Кубо во 23-тата минута му донесе предност на Сосиедад во првиот дел. Во вториот. Норвежанецот, Александер Сорлот во 51-минута беше стрелец на вториот гол, а домашниот фудбалер Каблера со автоголот во 63-тата мунута веќе им донесе на гостите предност од убедливи три гола.
До крајот на мечот Еспањол кој ќе има тешка борба за опстанок во лигата, само успеа да го ублажи поразот преку Дардер во 74-тата, односно Оливиан кој погоди во 87-минута. Сепак домаќините немаа сили да стигнат и до израмнување па Сосиедад го однесе трите бода.
Тимот од Сан Себастијан сега има 42 бода, само три помалку од второ пласираниот Реал кој пак задутре треба да го одигра својот меч од оваа рунда и тоа против послендо пласираниот Елче на домашен терен во Мадрид.