Само пет натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата.
Најнеизвесниот беше оној во Лос Анџелес каде гостуваше шампионот Денвер, а Клиперси излегоа како победници со 102-100. На госите не им беа доволни ниту 11-те поени предност во завршницата, па Јокиќ се обиде со тројка со звукот на сирената да ги спаси. Србинот не успеа да погоди, па натпреварот го заврши со 36 поени, 17 скокови и 10 асистенции.
Кај победникот, Пол Џорџ реализира 28 поени, а Џејмс Хадрен на 20-те додаде и 8 асистенции.
Нов брилијантен натпревар имаше и Лука Дончиќ. Иако Словенецот немаше поени во првата четвртина од дуелот со Атланта сепак, на крајот му недостасуваа две додавања да стигне до троен ефект. Дончиќ заврши до дабл-дабл со 25 поени, 12 скокови и 8 асистенции, а Далас ја совлада Атланта со 109-95. Најефикасен беше Кајри Ирвинг кој посигна еден поен повеќе од Дончиќ.
На останатите три натпревари. Голден Стејт славеше во Хјустон со 133-110., натпревар во кој Стеф Кари и Клеј Томсон постигнаа по 29 поени за „Воините“.
Враќањето на Џоел Ембид на терените значи и далеку посилен тим на Филаделфија. Ембид ги предводеше 76-ките до триумф кај Мајами со 109-105, а тој постигна 29 поени.
Најубедлив беше тимот на Њујорк, кој пред своите навивачи го победи Сакраменто со 120109. Џејлен Бронсон реализира 25 поени и 11 асистенции, а Џош Хард заврши со 31 поени, 9 скока и 8 асистенции кај победникот.