На 54-годишна возраст ненадејно почина долгогодишниот спортски новинар, Зоран Поповски.
Поповски повеќе од две децении работеше како спортски новинар во “А1“, „Дневник“, „”Спорт 4, “Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“, а од 2018 година беше во „Спортманија“.
Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.
Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13:00 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12:00 часот.