Лацио го доби дербито со Јувентус од 30.коло на италијанската Серија А со 1:0. Голот за победа го постигна Адам Марушиќ во последната минута од натпреварот.
Домаќинот ја имаше иницијативата во првиот дел креирајќи прилики за погодок, но ниту една не беше успешно реализирана.
Андреа Камбиасо имаше одлична шанса во 51-та минута да им донесе водство на гостите. Тој одлично се снајде во шестанесетникот на противникот, но голманот на Јуве, Војчех Шчезни одлично реагираше.
На самиот крај на натпреварот Адам Марушиќ постигна гол за победа во 93-тата минута по одличната асистенија на Генузи.
Лацио останува седми со 46 освоени бодови, 4 помалку од шестопласираната Аталанта, додека Јувентус останува третопласиран со 59 бодови и 3 помалку од Милан.