Со победата вечерва над Скопје 2020 од 32:20 (12:12) ракометарите на Мулти Есенс се пробија на второто место на табелата во плеј аут лигата. Ова беше првиот дуел од 6.коло, а секако голем триумф за младата екипа на Мулти Есенс.
Првиот дел мина во изедначена игра и екипите најчесто имаа водство од еден гол предност, а првпат два разлика имаше домашната екипа 10:8, а потоа и 11:9. На стартот на вториот дел резултатот уште во два наврати беше изедначен 13:13 и 14:14, а потоа избраниците на Миле Бочкаровски почнаа да ги казнуваат грешките на гостите и со серија од 12:1 ја обебедија победата. Најчесто домашниот тим овие голови ги постигнуваше од контранапади.
Најефикасен на дуелот беше Давид Димески од Мулти Есенс со 11 голови, а Димитар Узунчев постигна 6 од кои 5 во вториот дел. Одличен на голот кај домашните беше и голманот Ѓорѓи Ермоноски со 12 одбрани. Кај гостите најефикасен беше Шокоски со 7 голови.